АМСМ услуги - помош на пат

Едукација

Во организација на FIA, еднаш годишно се одржува натпревар за возачите на помош на пат од сите Авто-Мото Сојузи и Федерации во Европа. Основна цел на натпреварот е да овозможи тренинг за возачите од службата помош на пат, да ги подобри нивните теоретски и практични познавања, како и да создаде постојана платформа за размена на искустава кај возачите - механичари од цела Европа - дел од најмоќната светска мрежа на асистенс услуги.

Првиот натпревар беше организиран во Минск - Белорусија (13-14.09.2004), во организација на FIA и клубот домаќин BKA, каде што учество земаа 13 Авто-Мото Сојузи и Федерации, меѓу кои и АМСМ возачите од помош на пат.

На последниот натпревар, одржан во Кутина, Хрватска (25-26.09.2006), под покровителство на FIA и Хрватскиот Авто-Мото Клуб - HAK, екипата на АМСМ го освои второто место, во конкуранција на 11 Авто-Мото Клубови, со што се потврдува техничката едуцираност на возачите од помош на пат.

On-Board дијагностиката е оперативно воведена во возилата за помош на пат на АМСМ како дел од услугите за помош на пат, почнувајќи од 01.01.2006 година.