АМСМ услуги - помош на пат

Новости


amoxicillin without insurance

antibiotic without insurance blog.propartsdirect.net buy amoxicillin from canada

suprax

suprax

vibramycin

vibramycin informedu.com.au
Препорака за летно возење

21.06.2016 08:39:30
Повеќечасовното патување на летен одмор со моторно возило на +35 С е исклучително напорно и бара добра подготовка. Покрај голема доза на трпение и концентрација на пат треба да се понесат и некои корисни совети. Тргнувањето на долг пат подразбира да се тргни што порано кога интезитетот на сообраќајот е помал, а и да се избегне горештината кој е најголема во периодот од 10 до 16 часот. Препорачливо е претходната вечер да се отиде на спиење порано за да во првиот час на патувањето не чуствувате поспаност. Клима уредот во возилото е голема помош, но правилното подесување е многу битно поради вашето здравје. Најдобро е да се подеси на пониска температура од надворешната за 5 до 9 степени затоа што поголемата температурна разлика може да предизвика шок на организмот при излегувањето од возилото. Возачите на возила без клима уреди треба да бидат уште по внимателни затоа што високите температури влијаат на намалувањето на концентрацијата. За нив е препорачливо да возат со малку отворени прозорци, вклучување на вентилацијата, вградување на мали вентилатори и блиску до возачот да се постави шише со вода или преносен фрижидер. Доколку возилото стои на паркинг заштитете го ветробранското стакло со штитник со алуминиумска фолија, а ако стои подолго време пред влегувањето отворете ја вратата и дозволета да внатрешноста прво малку се излади пред да влезете. Доколку е можно гледајте да се паркирате во сенка и оставите малку отворен прозорец. Прет тргнување на ваков пат треба да се провери и возилото и тоа сите течности, притисок во пневматиците, ремените и гумените црева. Повремени контоли би требале да се направат и по пристигнување на саканата дестинација или пред тргнувањето назад дома. Во текот на вожњата одбегнувајте брзини на 120км/ч и пратете ја температурата на течноста за ладење. Правете почести кратки паузи, не внесувајте премногу храна во организмот и конзумирајте повеќе безалкохолни течности.