АМСМ услуги - помош на пат

Новости


buy abortion pill espana

buy abortion pill espana dearteaga.es

norvasc

norvasc sebtiz13.fr

voltaren

voltaren power-hosting.nl
сообраќајни казни за возачите кои возат низ Босна и Херцеговина

28.02.2017 12:15:29

Измените во "Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Босна и Херцеговина" стапија на сила на 15 февруари 2017 година.

Подолу се наведени некои од најважните промени на сообраќајни казни за кои возачите кои возат низ Босна и Херцеговина треба да бидат запознаени:

• Користење на мобилен телефон или други аудио или видео уреди со рацете за време на возењето, се казнува со парична казна од околу 50 - 150 евра

• Користењето мобилен телефон и слушалки во двете уши од страна на:
а. Велосипедисти и други возачи на превозни средства на две тркала – се казнуваат со парична казна од околу 20 евра
б. Пешаците – се казнуваат со парична казна од околу 20 евра

• Задолжителна употреба на безбедносните ремени за време на возењето (важи за возачот и сите патници во возилото) и доколку не се почитува се казува со парична казна од 50 - 150 евра

• Дете под 12-годишна возраст не смее да седи на предното седиште. Тоа предизвикува глоба во износ од 200 - 500 евра

• Возење што ги надминува ограничувањета на брзината:
а. Повеќе од 30 км / ч, се казнува со од 200 - 500 евра
б. Надминување од 20 км / ч и 30 км / ч над ограничувањето на брзината може да биде од 50 - 150 евра
в. Надминување од 10 км / ч и 20 км / ч над дозволената брзина носи околу 25 евра казна

• Возењето под дејство на алкохол:
а) над 1,5 промили - се изрекува казна од 200 - 500 евра плус притвор во полициската станица додека возачот не се отрезни максимум до 12 часа.
б) помеѓу 0,8 и 1,5 промили носи од 50 - 150 евра парична казна
в) помеѓу 0,3 и 0,8 промили се казнува со околу 25 - 125 евра
г) до 0,3 промили (важи само за возачи под 21-годишна возраст, професионални возачи и почетници возачи.) - 25 евра парична казна

• Ако возачот одбие тестирање за дрога или алкохол, тој / таа мора да плати парична казна од 200 - 500 евра

• Возење без возачка дозвола се казнува со парична казна од 200 -500 евра

• Возење на нерегистрирано возилото се казнува со казна од 200 -500 евра

• Ако возачот го стартува возилото на неприкладен начин, што предизвикува високо ниво на бучава, тоа може да биде казнето со парична казна од 25 -125 евра