АМСМ услуги - помош на пат

Новости


СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ

03.07.2019 15:39:40


Системот за електронска наплата на патарина на Коридорот 10 вклучува 7 наплатни станици, лоцирани на еден од паневропските коридори - Коридорот 10. Делот од Коридорот 10 кој како автопат поминува низ Република Северна Македонија започнува на север од границата со Република Србија и продолжува на југ до границата со Република Грција. Системот за електронска наплата на патарина на Коридорот 10 се управува од еден контролен центар лоциран во Петровец.
Наплатата на надоместокот за користење на пат (патарина) во Република Северна Македонија ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици. Начинот на плаќањето на патарината може да биде:

• готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни),
• електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и
• билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање

Правните и физичките лица патарината можат да ја плаќаат со купување на бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг). Уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување, додека со бесконтактните смарт картички е овозможено плаќање само со приближување на картичката до читачот. Во моментов и двата начини на плаќање се овозможени на 5 (пет) наплатни станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Планирано е новите две наплатни станици, Демир Капија и Гевгелија, да се пуштат во употреба во текот на 2019 година. За краток временски период се очекува и имплементирање на системот за електронска наплата и на НС Миладиновци.

За сите информации за начинот на користење, плаќање, поминување, надополнување и слично, можете да ги добиете на веб-порталот: https://etc.roads.org.mk/AMC