АМСМ услуги - помош на пат

Пренос на возило

АМСМ Услуги – Помош на пат (СПИ) и нејзиниот стручен тим ви се достапни 24 часа/365 дена во годината за пренос на возило во случај на дефект кој не може да се отстрани на самото место, сообраќајна незгода или друг вид имобилизација на вашето возило.

За пренос на возило на територијата на Република Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.

Ако сте член на АМСМ и поседувате некој од АМСМ членските пакети (Classic, Europe Premium, Light, Business или Business Europe Premium), при повикување на 196 задолжително наведете дека сте член на АМСМ, за да ги добиете попустите и поволностите предвидени за членовите на АМСМ.
повеќе ...

Во зависност од избраниот членски пакет, услугата „пренос на возило“ вклучува:

  1. Бесплатно шлепување во случај на дефект
  2. Бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода
  3. Извлекување
  4. Хотелско сместување
  5. Рентакар
  6. Покривање на патни трошоци и др.

АМСМ Услуги – СПИ располага со 23 камиони за пренос на возила и со високостручен кадар за технички интервенции.
повеќе...