АМСМ услуги - помош на пат

ИНФО ЗА ПАТУВАЊА во Бугарија

Преку избирање на посакуваната држава ќе ги добите информациите кои секако ќе го олеснат вашето патување и престојот во истата.

Основни информации

Бугарија е ситуирана во Југоисточна Европа на Балкансиот Полуостров. Главен град е Софија со 1,2 милиони жители а втор град по големина е Пловдив со 1,3 милиони жители. Бугарија зафаќа површина од 110,994 км2 и има население од околу 7,7 милиони жители. Се граничи со Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Бугарија излегува на Црно Море. Службен јазик е бугарскиот.

Највисока дозволена брзина

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. (На означени места и 140 Км/ч). На останати патишта ограничувањето е 90 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.

Употреба на мобилен телефон

За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.

Поважни телефони

Полиција 166 или 112 Амбуланта 150 или 112 Пожарна 160 или 112 УАБ (помош на пат) +359 2 91 146 +359 2 980 3308 Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.

Дозволено количество алкохол

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

Потребни документи

За влез во Бугарија за наши државјани не е потребна виза. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.

Задолжителна опрема за безбедност

Ремени: задолжително сите вградени (казна 25 евра) Детски седишта: задолжителни за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од150 цм можат да бидат на задно седиште без детско седиште. Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително за сите возила со исклучок на моторциклите. Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти. Зимска опрема: Во период од ноември до март. Зимски гуми се препорачува во текот на зимата, но не се задолжителни.Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km / h.