АМСМ услуги - помош на пат

Помош на пат

АМСМ Услуги – Помош на пат (СПИ) и нејзиниот стручен тим ви се достапни 24 часа/365 дена во годината за отстранување на повеќе од 50 различни дефекти на самото место.

За помош на пат на територијата на Република Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) или повикајте +389 2 3181 196 ако се наоѓате надвор од Македонија.
Ако сте член на АМСМ и поседувате некој од АМСМ членските пакети (Classic, Europe Premium, Light, Business или Business Europe Premium), при повикување на 196 задолжително наведете дека сте член на АМСМ, за да ги добиете попустите и поволностите предвидени за членовите на АМСМ.
повеќе...

Било на територијата на Република Македонија или надвор од неа, АМСМ Услуги – СПИ ќе ви помогне на самото место во случај на дефект на возилото и ќе ви обезбеди отстранување на повеќе од 50 видови дефекти, меѓу кои и:

  1. замена на резервно тркало,
  2. дотур на гориво,
  3. дотур на масло и течност во системот за ладење,
  4. поправка на електронските системи за осветлување,
  5. отстранување на можни грешки во компјутерските системи на новите возила (on-board дијагностика) и сл.

АМСМ Услуги – СПИ располага со 27 современо опремени возила за помош на пат и повеќе од 40 возачи-механичари, специјално оспособени за отстранување на дефекти на самото место.