АМСМ услуги - помош на пат

дневни информации
22.02.

среда, 22 февруари 2012 19:04:00
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА : Сообраќајот се одвива тековно, по влажни коловози наместа со остатоци од снег, особено на повисоките места и планинските премини. ПРЕПОРАКА: На возачите им препорачуваме исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово поради честа појава на одрони. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги чекања. ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

Скопски регион локални патишта


195

Во општина Чучер Сандево патниот превец Танушевци – Малино – Брест е непрооден. Во општина Студеничани не проодни се патните правци кон селата Црвена Вода, Цветово и Рамни Габер.

Битолски регион локални патишта


195

Во општина Битола не проодни се патните правци кон селата Древени и кон с.Метимир. Во општина Демир Хисар не проодни се патните правци кон селата Зашле и до село Боиште.

Велешки регион локални патишта


195

Во општина Велес и понатака не проодни се патните правци кон селата Ветерско, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Сопот, Лугунци, и Круша. Во општина Градско сеуште е не прооден патниот правец с.Грнчиште – с.Скачинци. Во општината Кавадарци патниот правец Ќесендре - Галиште сеуште не е расчистен

Тетовски регион локални патишта


195

Во општина Маврово - Ростуше не проодни се патните правци до селата: Ничпур, Богдево, Горна Волковија, Дуф, Галичник и Нистрово. Во општина Гостивар не проодни се патните правци кон селата: Горно и Долно Печково, Горно и Долно Јеловце и Горна и Долна Ѓоновица.

Охридски регион локални патишта


195

Во општина Струга не проодни се локалните патни правци за с. Горна Белица, како и селата во Малесијата (Збажди, Локов, Буринец и Селци). Во општина Вранештица не проодни се локалните патни правци до селата Патеец, Дупјани, Рабетино, Крушица и Карбуница. Во општина Другово не проодни се локалните патни правци кон селата Лавчани и Малкоец. Во општина Македонски Брод не проодни се правци локалните патни кон селата: Волче, Брезница, Томино Село, Сушица, Звечан, Горно Битуше и Бенче.

Кумановски регион локални патишта


195

Во општина Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден се чистеле патните правци кон селата Мгленце, Дејловце, Длабочица и Малотино. Не прооден е патниот правец с.Орах-с.Дренак. Во општина Крива Паланка не проодни се патните правци кон селата Дренок, Нерав, Мала Црцорија, Голема Црцорија, Кркља, Борово, Костур, Бс, и Огут. Во општина Кратово, патниот правец Кратово – с.Коњух е прооден и сообраќајот се одвива во зимски услови. Патниот правец од Кратово кон селата Близанци, Луково, Куново, Мушково, Нежилово и Каврак е исчистен до пред с.Мушково.

Струмички регион локални патишта


195

Единствено не прооден е патниот правец Смрдлива вода – ски центар Кожув во општина Гевгелија.

Отешево - Трпејца


R504

Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица од клучката на Р- 501 со Р 504 ке се одржува во текот на целиот зимски период во должина од 9км до месноста Корита, а останатата делница останува според стариот режим на сообраќај - сезонски е целосно затворена за секаков вид на сообраќај во двата правци во период од 01 ноември до 31 март наредната година (2012).

Катланово - Велес


M1
E75

Од 12.08.2011 година започна реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес. Во наредниве 18 месеци ќе се рехабилитираат 27,5 километри од автопатот М-1, односно делницата од Катланово во правец кон Велес. На повеќе места ќе се изведуваат работи на пат, кои опфаќаат обновување на коловозот, санација на косините, насипите и местата каде има нестабилни карпи и одрони, електричната инсталација во тунелите, како и обнова на хоризонталната и вертикалната сигнализација. За време на работите ќе се спроведува привремен сообраќаен режим со затворање на една сообраќајна лента по потреба. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец е да бидат крајно внимателни на деловите каде што ќе има градежни активности, да ја намалат брзината на возење и да ја почитуваат времено поставената сообраќајна сигнализација.

Состојба на гранични премини

Ново Село / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Делчево / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Богородица / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Табановце / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Меџитлија / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Меџитлија / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Дојран / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Дојран / излез од Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин


Табановце / влез во Р.М. :
време на чекање минимално
Состојба на граничен премин